мај 12, 2026

Во средината на јули 2006 година, во Санкт Петербург, родниот град на рускиот претседател Владимир Путин, се одржа самитот на Г8, за време на кој шефот на Кремљ организираше гала вечера за тогашниот американски претседател Џорџ Буш помладиот и други државници.

ПРИГОЖИН ОД СТАРИ ДЕНИ: Вака „готвачот на Путин“ му служел на претседателот на АМЕРИКА пред да стане лидер на руските платеници

На една од фотографиите од таа вечера се гледа човек со бела машна и црн смокинг кој стои веднаш зад претседателот на САД.

Тоа беше бизнисменот Евгениј Пригожин, кој набрзо стана познат како „готвачот на Путин“ поради угостителските услуги што му ги даваше на Кремљ за вакви важни настани, а подоцна ја основаше платеничката паравоена компанија „Вагнер груп“.

Половина деценија откако му служеше на Буш помладиот, Пригожин беше фотографиран и кога го угости Путин во неговиот ресторан на периферијата на Москва во 2011 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK