јануари 7, 2025

Прилепската полиција го приведе 26-годишниот жител на прилепското село Селце со иницијали А.М. кој се сомничи дека по расправија во семејниот дом со остар предмет смртно го повредил татка си кој подоцна починал. Осомничениот е приведен на прилепската улица „Димо Наредникот”.

Како што информираат од СВР Битола, 26-годишникот синоќа околу 20 часот во семејниот дом во прилепското село Селце се расправал со својот татко, 52-годишниот М.М. и со остар предмет го повредил. Подоцна таткото починал по здобиените повреди.

Полицијата извршила увид, а јавен обвинител наредил обдукција на телото на починатиот.  Осомничениот, 26-годишниот син, два часа подоцна е приведен од улицата „Димо Наредникот” во Прилеп.

Обвинителството работи на случајот и побара притвор до 30 дена за осомничениот 26-годишен А.М.

The post Убиство ја потресе Македонија: 26-годишно момче си го уби таткото appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK