мај 12, 2026

Поради твит со честитки до Турција за „Денот на победата“, објавен од копнените сили на НАТО во Измир, официјална Атина испратила писмен демарш до генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, брифирале грчки дипломатски извори за медиумите во Грција.

ДЕМАРШ ОД АТИНА ДО СТОЛТЕНБЕРГ: НАТО и го честита на Турција Денот на победата, на кој Грција беше поразена во Мала Азија

Според грчките медиуми, Командата на копнените сили на Алијансата во Измир упатила честитка до Турција за вчерашниот празник што е ден на турските вооружени сили и годишнината од поразот на грчките сили во Мала Азија во 1922 година.

Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека по инструкции од Министерството за надворешни работи на Грција, постојаната мисија на земјата во НАТО, вчера испратила писмен демарш до Генералниот секретар на Алијансата поради честитката, а според истите извори, во демаршот било истакнато дека е неприфатливо националниот ден на вооружените сили на Турција да се поврзува со денот на победата против сојузничка земја.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK