мај 12, 2026

Тиш Сајрус ги сподели првите официјални фотографии од нејзината венчавка која се случи минатиот викенд во домот на ѕвездата на „Хана Монтана“ во Малибу, Калифорнија.

На фотографиите Мајли Сајрус изглда среќно помеѓу нејзината мајка Тиш и нејзинот сопруг Доминик Персел.

Првата слика, која ја објави Вог, е со парот како заљубено позираат на зајдисонце на Тихиот Океан помеѓу бели листови од роза и свеќи.

Мајли на фотографиите изгледа воодушевено додека позира покрај нејзината мајка, сестрата Бренди Сајрус и уште неколку гости.

Тиш за нејзината венчавка смени две венчаници.

„Мајка ми секогаш беше таа што ме подготвуваше за големите денови… таа никогаш не престана да ме слави и толку ги поддржуваше моите одлуки. Се чувствувам почестена што сум таа личност за неа, сега кога сум постара. За мене е многу емотивно да ја видам мајка ми толку среќна и заљубена. Доминик и мајка ми ја делат најслатката, највистинската љубов. Речиси како да е за прв пат, што е толку соодветно за мајка ми која е толку млада душа. Денот беше посебен и магичен како и тие. Да застанам покрај мајка ми и да му ја дадам на Дом е момент што ќе го чувам до крајот на мојот живот“, изјавила Мајли за Вог.

The post (Галерија) Се омажи мајката на Мајли Сајрус appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK