ноември 21, 2024
мвр

Жена која била на погребот на 11-годишната Магдалена Иванова од Велес, прегазена во саботата на пешачки премин во Велес од пијан возач со „мерцедес“ била прегазена од комбе, јави ТВ 24.

Во несреќата беше тешко повредена и мајката на девојчето.

Додека сѐ уште траел погребот, возачот на струмичко комби ја удрил жената на улица во близина на гробиштата, по што и тој, исто како и возачот на „мерцедесот“ избегал од местото на несреќата.
Возачот на комбето по кратко време бил пронајден од полицијата и уапсен.

Според портпаролката на велешка болница, жената е примена во Хирушки амбуланти има повеќе нагмеченици на меки делови од телото. Нема скршеници но според мислењето на лекарскиот тим ќе биде задржана на болничко лекување и опсервирање во наредните 24 часа.

Судот во Велес, пак, му одреди 30 дневен притвор на А.Н.(29) од Велес, кој возејќи пијан, на пешачки премин удри во девојчето и нејзината мајка. Тој беше уапсен откако два дена бегаше.

The post Жена дојдена на погребот на прегазеното девојче во Велес удрена од комбе, и тој возач избегал appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK