Невозможно е Никола Груевски да се врати слободен во Северна Македонија, бидејќи според вицепремиерот Артан Груби, влијанието на изменетите членови од Кривичниот законик врз обвиненијата на поранешниот премиер-бегалец во Унгарија, како што вели тој, е многу мало.
„Никола Груевски со овие измени во Кривичниот законик не може ни да сонува да се врати во Северна Македонија“, рече накратко Артан Груби синоќа во Клан дебата.
Во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски би гласала за уставните измени, според Артан Груби, тој заедно со другите министри и функционери на ДУИ во истата секунда ќе поднесе оставка.
„Од прв до последен, во секунда даваат оставки и ние се повлекуваме во моментот кога ВМРО ќе притисне зелено копче за уставни измени. И, можеме веднаш да одиме на предвремени парламентарни избори или да ги оставиме да владеат 6,7,8 месеци, колку сакаат, до следните избори и да ги избркаат Албанците од влада. Се виде дека тоа е прашањето“, рече министерот за политички систем.
The post Груби: Груевски не може ни да сонува да се врати во Македонија appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде