октомври 30, 2024

Овие 4 намирници се прилично едноставни и сеприсутни,а се одлични за долговечност и здрав живот.

Се чини дека секој ден се појавува нов здравствен тренд со тврдења дека е откриена некоја нова работа која ја зголемува долговечноста. Според Кимберли Мелтон,регистриран диететичар за долговечност со 30-годишно искуство во областа и сопственик на NutritionPro Consulting, дноставноста е најдобра,особено кога станува збор за избор на храна која промовира здраво стареење.

Мелтон открила четири едноставни намирници кои често им препорачува на своите клиенти да ги јадат редовно.Иако храната е сосема обична и воопшто не е егзотична,многумина од нас можеби не јадат доволно од нив.За среќа,никогаш не е доцна да ги промените навиките во исхраната!

1. Грав и мешунки
На врвот на листата за зголемување на долговечноста се гравот и мешунките.„ Гравот и мешунките се преполни со растителни протеини,влакна,витамини и неколку минерали“, вели Мелтон.Друга предност на јадењето грав е цената Храната е евтина и оди одлично со речиси сè.„Не само што е евтин, туку може да се комбинира со друга храна без да се надвладеат вкусовите“, нагласува диететичарот.

2. Јаткасти плодови

Мелтон се согласува дека јаткастите плодови се лесен начин да се додаде цврст извор на хранливи материи во секое мени. Оревите содржат значителни количини есенцијални масти од растително потекло,како што се омега-3 масни киселини,кои помагаат при воспаление и можат да го намалат холестеролот.Дополнителен совет: не заборавајте да ги ставите во фрижидер оревите за да го продолжите нивниот рок на траење.

3. Бобичасто овошје
Овошјето како што се боровинки, малини и јагоди се одличен избор.Тие имаат значителни количини на фитохемикалии, вклучително и антоцијани кои можат да помогнат во намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2, Алцхајмерова болест и деменција.

4. Маслиново масло
Последно, но секако не и најмалку важно е маслиновото масло.„Маслиновото масло е богато со мононезаситени масни киселини здрави за срцето.Богато е и со полифеноли, осоединение кое се наоѓа во растителната храна,кое делува како антиоксиданс и помага да се спречи оштетување на клетките и воспалението во телото“, вели Мелтон.Маслиновото масло е исто така моќен антиоксиданс благодарение на неговите полифенолни (како и бобичастото овошје) својства.Американското здружение за срце (АХА) смета дека маслиновото масло е најдобро масло за готвење за кардиоваскуларното здравје.Истражувањата покажуваат дека оние кои консумираат половина лажица маслиново масло дневно имаат 15 отсто помал ризик од кардиоваскуларни болести.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK