Денеска, на местото Смрдлива Вода, жителите од Гевгелија, Неготино, Демир Капија, и други организации кои се борат за зачувување на животната средина, одржаа протест и го искажаа негодувањето за изградбата на две мини хидроелектрани на реката Дошница на планината Кожуф.
Протестот е предупредувачки до властите и надлежните институции. Народот од гевгелиско, неготинско, кавадаречко и демиркаписко спремен е со жив штит да ја брани реката Дошница и планината Кожуф од експлоатацијата, рекоа протестантите и побараа Кожуф да се прогласи за национален парк.
Следете не, не има насекаде
