мај 11, 2026

Хју Џекмен и сопругата Дебора-Ли се разведуваат по 27 години брак.

Веста ја потврдија со заедничко соопштение.

„Благословени сме што поминавме заедно речиси три децении во прекрасен брак полн со љубов. Нашите патишта сега се разделуваат и одлучивме да се разведеме за да продолжиме да растеме како поединци“, велат сега веќе бившите сопружници.

Тие додадоа дека семејството им е најголемиот приоритет.

Тие се запознаа во 1995 на снимањето на австралиска телевизиска серија, во која и двајцата глумеа и Дебора-Ли Фурнес во тоа време беше попозната во својата земја. Се венчаа следната година и посвоија две деца, кои сега имаат 23 и 18 години. Џекмен подоцна стана голема холивудска ѕвезда и заедно со сопругата редовно се појавуваа на црвен тепих. Во јули годинава заедно беа снимени и на Вимблдон.

The post Хју Џекмен и Дебора-Ли се разведуваат по 27 години брак appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK