Најдобриот македонски таеквондист и освојувач на сребрен медал од минатите Олимписки игри, Дејан Георгиевски го победи првиот носител Мартин Соарес од Бразил и се пласираше во полуфиналето на „Гранпри финале“ турнирот кој се одржува во Саудиска Арабија.
Откако утринава го совлада светскиот вицешампион, Иван Гарсија Мартинез, Дејан Георгиевски беше подобар и од првиот носител на туринрот, Бразилецот, Мартин Соарез. Македонскиот таеквондист победи во две рунди 9-5 и 6-0.
Георгиевски е на чекор до нов голем медал, најголем по олимпиското сребро.
„Гранпри финале“ турнирот важи за најголемото натпреварување во теаквондо по олимписките игри. Натпреварување на кое учествуваат само најдобрите во светот со лична покана од организаторот.