мај 11, 2026

Рекордерот по бројот на асистенции на Мундобаскетот потпиша тригодишен договор со Фенернахче.

Летонскиот кошаркарски репрезентативец Артурс Жагарс, првата година од договорот со Фенербахче ќе ја одработи на позајмица во Литванија, Волвс од Вилнус, соопшти денеска турскиот клуб.

Жагарс (23) во кариерата настапуваше за Хувентуд, Прат, Калев, Брауншвајг и Невежис. Минатата сезона за Невежис во литванската лига имаше просек од 15,4 поени, 4,4 асистенции, три скока и 1,1 украдена топка по натпревар.

Жагарс го освои петтото место со селекцијата на Летонија на неодамнешното Светско првенство во Манила. На Мундобаскетот имаше просек од 12,4 поени и 7,4 асистенции.

Во дуелот со Литванија за петтото место на Мундијалот имаше дури 17 асистенции, што е апсолутен рекорд на СП. Беше избран за втората петорка на Мундобаскетот.

Волвс оваа сезона ќе игра во Еврокупот.

The post Жагарс потпиша со Фенербахче, па замина на позајмица во Литванија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK