октомври 28, 2024

Музичкиот албум „Пријателство“ на македонскиот виолинист Симон Трпчески се најде на музичкиот магазин „Луфтханза“. Трпчески објави фотографии за време на летот до Канада со оваа авиокомпанија дека уживал во звуците на музиката баш за неговиот роденден.

„Фантастичен подарок за мојот роденден, на летот со Луфтханза на пат за Канада. Мојот албум „Пријателство“ е застапен во Музичкиот магазин Луфтханза“, напиша Трпчески.

Инаку албумот е снимен заедно со колегите на виолинистот за време на врвот на Ковид, во Македонската радио-телевизија и во ОК.

„Со толку многу љубов, меѓусебно разбирање и доверба во човештвото. Данке и здравје до сите љубители на музиката“, напиша Трпчески.

The post Музиката на Симон Трпчески на плеј листата на Луфтханза: Фантастичен подарок за мојот роденден appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK