октомври 28, 2024

Дали сте тип кој одбира утрински или вечерни тренинзи?

Некому му одговара тоа што наутро,кога ќе ги отвори очите,веднаш тргнува во акција,додека некој, пак, сака да се ослободи од негативната енергија пред спиење и да лежи „уморен“ во кревет.Сепак,не е важно дали сакате да вежбате наутро или навечер, едно истражување даде одговор кога е најдобро време за вежбање за подобри резултати.

Што покажа истражувањето?

Студијата спроведена од академици од Њујорк покажува дека жените согоруваат повеќе маснотии,вклучително и салото на стомакот – за време на утринското вежбање.

– Иако дамите кои вежбаа наутро или навечер значително ги намалија вкупните телесни масти, големината на подобрувањето беше значително поголема кај утринските вежбачи – напишаа истражувачите во „Womens health mag“.

Утринското вежбање го намалува крвниот притисок,а жените кои вежбале навечер ја подобриле јачината на горниот дел од телото и постигнале поголема врвна сила.

Да напоменеме дека во истражувањето кое траело 12 недели учествувале 26 жени на возраст од 25 до 55 години.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK