октомври 28, 2024

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе биде уапсен доколку се обиде да дојде на Косово без дозвола на Приштина, изјави министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, пишува косовскиот медиум Репортери.

ВУЧИЌ ЌЕ БИДЕ УАПСЕН АКО ЈА ПОСЕТИ ГРАЧАНИЦА БЕЗ ДОЗВОЛА

Свечља ја коментираше неодамнешната изјава на Вучиќ дека планира да ја посети Грачаница.

– Доколку испрати барање, одлуката ќе биде на премиерот дали ќе му даде дозвола на Вучиќ или не. А, без дозвола се знае кои институции се занимаваат со тоа. Како мислите дека некој, странски државјанин, може да влезе во Република Косово без дозвола на косовските институции – праша Свечља.

Ако се случи спротивното, Свечља рече дека тоа ќе го докаже „непостоењето на Косово како држава“.

– Последицата е дека едноставно немате држава ако шефот на друга држава влезе на ваша територија без дозвола – рече Свечља и додаде дека не верува оти „Вучиќ е толку луд што без дозвола би дошол на Косово“.

Свечља изјави и дека безбедносната ситуација на северот на Косово „никогаш не била подобра“, пренесува Косово онлајн. Тој додаде дека на север, Владата на Косово „се борела против криминалните групи, со што го обезбедувала законот и редот“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK