октомври 28, 2024

Почитувани граѓани од православна вероисповед,

Дозволете ми оттука, од манастирот „Света Богородица” во село Матејче, да ви го честитам големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, со желби за добро здравје и просперитет.

Денеска се радуваме на светата рожба од Назарет – плод на молитва, љубов и добри дела на благочестивите Јоаким и Ана. Божјата Мајка го подготви спасението на светот, како чисто, совршено битие и како средиште на
мајчинската љубов, со сето Божествено во себе за да се покаже љубовта Божја кон човекот.

Нека Божјата Мајка нѐ води по милостивиот пат, патот на трпението, вербата и љубовта.
Нека ги облагороди срцата на секој и нека помогне заедно да ги отфрлиме слабостите во нас за да продолжиме да чекориме непоколебливо и со силна верба кон иднината.

За многу години Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица!

The post “Честитка од министерот Спасовски по повод празникот Рождество на Пресвета Боогородица.” appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK