октомври 28, 2024

Возачот на Мекларен во Формула 1 шампионатот, Ландо Норис, смета дека возачите кои за време на квалификациите и тренинзите ги попречуваат натпреварувачите кои се во брз круг мора да бидат построго санкционирани, бидејќи блокирањето со несоодветно позиционирање ги надминло сите мерки.

За време на Големата награда на Сингапур, предмет на истрага од страна на ФИА беше бранителот на титулата и лидер во генералниот пласман Макс Фестапен. Возачот на Ред Бул, и покрај тоа што му пречеше на Јуки Цунода во брзиот круг и застанувањето од 14 секунди на излезот од боксот, помина само со опомена, наместо да биде казнет.

„Мислам дека блокирањето на патеката автоматски треба да значи казнување. Знам дека тимот добива парична казна во тој случај, но одговорноста на возачот е да погледне во ретровизорите. Тој нема што друго да прави за време на загревачкиот круг, но ми се чини дека возачите се мачат и со тоа“, изјави Норис и додаде:

„Потребни ни се поригорозни казни за блокирање на другите, ситуацијата излезе од контрола. Го уништува брзиот круг на возачите што доаѓаат. Може да уништи и нечии квалификации, затоа Јуки немаше шанса да го подобри својот пласман“.

Норис е на осмото место во шампионатот со 97 бодови, додека лидерот Ферстапен има 374.

Викендов во Ф1 на програмата е Големата награда на Јапонија.

The post Норис: Потребни се поригорозни казни за блокирање и несоодветно позиционирање appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK