октомври 25, 2024

Првиот вицепремиер Артан Груби попладнево објави статус на социјалните мрежи со кој на обложувалниците им се закани „дека ќе им го сруши монополот“ и дека во иднина „децата ќе останат подалеку од нив“.

Според Груби, со новиот Закон за игри на среќа што чека да биде изгласан по скратена постапка, со оддалечување на обложувалниците на 500 метри од училиштата, се заштитува и спречува малолетници, како што пишува Груби, да се вклучат во коцкање.

Според Груби, со новото законско решение се зголемува сумата која се бара за потребните лиценци и со тоа ќе се зголемат средствата во буџетот.

„Кој го штити 15-годишниот монопол даден на бугарско-српско-македонска компанија за организација на коцкање, чија „пријавена“ добивка е просечно 15 милиони евра годишно? Кој од албанската опозиција лобираше за измена на законот во корист на казината? Законот е одобрен од Владата, очекуваме пратениците веднаш да го поддржат. Отстранувањето на казината и обложувалниците како и демонополизацијата на индустријата се политики и програми на Демократската унија за интеграција, но и на Владата во акти одобрени од Собранието“, напиша Груби.

Според првиот вицепремиер, ДУИ е решена да ги демонополизира сите индустрии кои се поврзани со „политичкото подземје“.

„Ниту една кампања спонзорирана од валкани пари од монополот што ги држи опструкторите во заложништво нема да не спречи во нашата решеност да ги тргнеме нашите деца од коцката, да го демонополизираме и либерализираме пазарот и да ги зголемиме приходите во буџетот! Нема да не спречат блокирачките, клеветничките, негативните и навредливите кампањи, ќе продолжиме да ја рушиме секоја бариера пред нас“, порачува Груби.

The post Груби со закана до обложувалниците: Ќе ви го срушиме монополот! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK