октомври 25, 2024

Министерството за економија целосно стои зад Одлуката за намалување на цените на основните прехранбени производи која ја донесовме пред две недели. Најмалку до 30 ноември, до кога е на важност оваа одлука, отстапување од нејзе нема да има. Сите производи кои се опфатени во Одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат со даночна стапка од 5 проценти, напиша на својот фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Во врска со Одлуката на Министерството за финансии за повластена даночна стапка на одредени прехранбени производи, министерот Бектеши објави дека доколку има грешка во листата таа ќе се корегира.

– Доколку во има техничка грешка во листата на производи опфатени со Одлуката на Министерството за финансии за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, тоа ќе биде корегирано на следната седница на Владата, напиша министерот Бектеши и ги повика граѓаните да бидат спокојни.

БОМБА од Јакимовски: Самостојно ќе одиме на претседателски избори!
МАНЧЕСТЕР СИТИ НАСКОРО ЌЕ БИДЕ УШТЕ ПОСИЛЕН – Пеп Гвардиола ги откри најубавите вести за сите фанови пред дербито со Арсенал
Му се заканувал на градоначалникот Јакимовски бидејќи не му дозволил да не оди на работа, а да зема плата
Помошник на поранешниот претседател Реган: Бомбардирањето на Југославија е една од најголемите грешки на Америка
Осми ПЕКОЛЕН ден по ред за Киев! Русите смислија опасна стратешка промена – и добро им оди!

Бектеши потенцира граѓаните да бидат спокојни. -Мерките кои ги носиме за заштита на стандардот на граѓаните даваат резултати. Цените на основните прехранбени производи можат само дополнително да се намалат, но не и да се зголемат, пишува тој. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK