Google со месеци ја тестираше новата верзија на Android, а откако конечно беше објавена, Android 14 прв пристигна на телефоните Pixel.
Следни на ред за новиот Android 14 се моделите на кинескиот бренд Xiaomi – поточно, први ќе бидат Xiaomi 13, Xiaomi 13 Pro и Xiaomi 12T.
Новото ажурирање за овие три телефони ги заменува претходните интерни верзии на MIUI.
Така, Xiaomi 13 ги добива верзиите на фирмверот MIUI-V14.0.5.0.UMCMIXM и MIUI-V14.0.5.0.UMCEUXM.
Xiaomi 13 Pro добива MIUI-V14.0.5.0.UMCMIXM и MIUI-V14.0.5.0. UMBEUXM.
Xiaomi 12T добива верзии MIUI-V14.0.6.0.ULQMIXM и MIUI-V14.0.5.0.ULQEUXM.
Со оглед на тоа што Xiaomi во својата објава го споменува само MIUI, а не конкретна верзија, кинеската компанија веројатно сè уште нема подготвено MIUI 15. Сепак, може да се очекува дека тоа ќе се случи наскоро.
The post Дали имате Xiaomi? Проверете дали Android 14 пристигна на вашиот модел appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде