октомври 25, 2024

Како по обичај, пи-арот на ДПМНЕ повторно направи политичко самоубиство откако вчера во реакција на гостувањето на првиот вице-премиер Артан Груби, откри дека практично Мицкоски се среќавал со Груби.

– Во една од канцелариите во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ има една фотеља, за која легендата вели дека Груби направил дупка од седење во време на претходното раководство на партијата, се вели во соопштението.

Состаноците за кои зборуваат се состаноците за време на преговорите за формирање на Влада по изборите во 2016 година, односно тоа е период од крајот на 2016 до јуни 2017 година.

Оној кој го пишувал соопштението, заборавил дека лидерот кој сега се обидува да го одбрани, ама излезе “бато не ме брани”, во тој период беше висок функционер на партијата, што значи дека присуствувал на состаноците со Груби и Ахмети.

Во биографијата на Мицкоски може да се види дека тој е член на извршниот комитет од 2015 до 2017 година, потоа бил претседател на кадрова комисија на партијата, потоа и генерален секретар, што значи дека Мицкоски добро знаел кој доаѓа на состаноците, а веројатно и самиот присуствувал на нив.

Познатиот израелски тенк „Меркава“ запален додека Палестинците скокаат на него
Артан Груби се сретнувал со Мицкоски во Белата палата додека бил генерален секретар на партијата?
ДУА ЛИПА ОТКРИВА КАКО ДА ГО ВРАТИТЕ „ЖАРОТ“ ВО СПАЛНАТА СОБА
УБАВАТА АКТЕРКА ОД ФИЛМОВИТЕ ЗА ВОЗРАСНИ ЛАНА СОВЕТУВА: „ЕВЕ КАКО ДА ДОЖИВЕЕТЕ МОЌЕН ОРГАЗАМ“
Ѕвезда од филмовите за возрасни ја открива нејзината најголема тајна: “Само вака можете да ја вратите возбудата за време на интимен однос!“

Инаку, во интервјуто во Само вистина вчеравечер, Груби нагласи дека освен средбите за формирање на Влада во 2016/2017 година тој воопшто не се сретнал со поранешниот премиер Груевски, а таква средба немал ниту Ахмети. Како што кажа Груби, УСБ-то за кое зборува Мицкоски не постои, односно сегашната владејачка коалиција воопшто не комуницирала, нити преговарала за враќање на Груевски во Македонија, со што паѓаат во вода сите поводи на Мицкоски да му објави војна на Груевски и да предизвика раскол од невидени размери во партијата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK