октомври 25, 2024

На 06.10.2023 во 21.30 часот во Радовиш полициски  службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода С.С. (39) од Радовиш, кај кого при преглед била пронајдена марихуана. С.С. бил задржан во Полициската станица Радовиш и во службен разговор изјавил дека марихуаната ја набавил од Д.Л. (38) од Радовиш.  На 07.10.2023, врз основа на наредба на судија од Основен суд Радовиш, бил извршен претрес во домот на Д.Л.,  при што биле пронајдени две полиетиленски ќеси со марихуана. Д.Л. бил задржан во Полициската станица Радовиш и по документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Радовиш.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK