ноември 22, 2024

Соединетите држави се подготвуваат да испратат воена помош од 275 милиони долари за Украина, што ќе и’ овозможи да се брани од беспилотни летала и да ја зајакне својата противвоздушна одбрана, се вели во документот што го објави Претставничкиот дом на САД.

Претставничкиот дом на САД убедливо одобри рекорден воен буџет.

Вестите за помошта би можеле да бидат објавени уште денеска, но детали за одбраната со беспилотни летала и опремата за противвоздушна одбрана сè уште не се познати.

Според документот, се очекува Пентагон да вклучи проектили за системот Локхид Мартин HIMARS, муниција од 155 милиметри, воени возила Хамви и генератори. Обемот и вредноста на пакетот помош може да се менуваат додека не биде потпишан од претседателот.

Износот од 275 милиони долари ќе биде покриен со претседателските овластувања кои им дозволуваат на САД да префрлаат одбранбена опрема од залихите без одобрение од Конгресот во итен случај.

Целта на руските ракетни напади во Украина е делумно да се исцрпат резервите на Украина за воздушна одбрана и да се добие доминација во воздушниот простор над таа земја, изјави висок функционер на Пентагон во ноември.

Со цел да одговорат на овие напади, САД испратија во Украина софистицирани противвоздушни системи NASAMS, кои функционираат веќе неколку недели. Претставничкиот дом на САД вчера изгласа дополнителна воена помош од најмалку 800 милиони долари за Украина за во текот на следната година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK