Ал Рајан, 9 декември 2022 (МИА) – Репрезентацијата на Хрватска е прв полуфиналист на Светското фудбалско првенство 2022, откако вечерва по голема борба го совлада Бразил на пенали.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
Натпреварот во Ал Рајан по основните 90 минути заврши без победник 0:0. Во судиското надополнување од првото продолжение Бразил преку Нејмар поведе со 1:0. Хрватска се избори за пенали со голот на Бруно Петковиќ во 117.минута.
Во пенал рулетот Хрватите беа максимални прецизни. Погодија Влашиќ, Мајер, Модриќ и Оршиќ. Кај Бразилците реализира Каземиро и Педро, додека Родриго и Маркињос не беа прецизни.
Најзаслужен за пласманот на Хрватска во полуфиналето е голманот на Динамо Загреб, Доминик Ливаковиќ кој покрај одбранетиот пенал на Родриго во серијата удари од 11 метри, во неколку наврати ја спаси својата репрезентација.
Вечер на Мундијалот во Катар е второто четвртфинале во кое се среќаваат Холандија и Аргентина.