октомври 23, 2024

Австралијанците денеска на референдум децидно го отфрлија признавање на абориџинското население во Уставот, што е нов чекор назад во помирувањето на земјата со домородното население.

Австралијанците на референдум одбија да ги вклучат Абориџините во Уставот

По пребројани 45 отсто од гласовите низ земјава, „не“ води со 57,35 отсто наспроти 42,65 за „да“.

Австралиската телевизија Еј-би-си и други мрежи предвидоа дека најмалку четири сојузни држави – Нов Јужен Велс, Тасманија, Квинсленд и Јужна Австралија – ќе гласаат против промените на 122-годишниот устав.

За референдумот да успее, најмалку четири од шесте сојузни држави мора да го поддржат предлогот, заедно со мнозинството на национално ниво.

У19: Македонската репрезентација поразена од фаворитот Германија
ТАРАВАРИ: Ако не поминат уставните измени, треба да размислуваме за нов Устав и дводомен парламент
Откриено оружје и експлозивни направи на северот на Косовo
Ковачевски до Мицкоски: КОЛКУ ПАТИ СЕ СРЕТНАВТЕ СО ДУИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 6 МЕСЕЦИ И ЗА ШТО РАЗГОВАРАВТЕ?
Австралијанците на референдум одбија да ги вклучат Абориџините во Уставот
Откриени 33 мигранти во приколка од камион кај Старо Нагоричане
Минофрлачи, оружје, експлозив… меѓу запленетото во денешната рација во северно Косово
Страшни снимки од Појасот Газа: Израелците ги фрлаат Палестинците на подот, до нив има бебешко седиште со крв (ФОТО)

Поради австралиските временски зони, гласањето во Западна Австралија продолжува, иако е познат резултатот од референдумот.

Австралијците заокружуваа „да“ или „не“ на референдумското ливче на кое беа прашани дали се согласуваат со предлогот што ќе ги признае Абориџините и островјаните од Теснецот Торес преку создавање домородно советодавно тело во Парламентот наречено „Глас на Парламентот“.

-Јас сум уништен, изјави лидерот на Абориџините, Томас Мајо, за Еј-би-си Њуз.

„Ни треба гласот. Ни треба таа структурна промена“.

Абориџинското население на Австралија денес сочинува 3,8 отсто од вкупното население од 26 милиони.

Тие живеат на австралискиот континент речиси 60 илјади години, но не се споменати во уставот и гледајќи ги социјалните и економските фактори, тие се најранливата група во земјата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK