октомври 23, 2024

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека израелската окупација на Газа би била „голема грешка“.

„Тоа што се случи во Газа, според моето мислење, е Хамас, а екстремните елементи на Хамас не го претставуваат целиот палестински народ. И мислам дека би било грешка Израел повторно да ја окупира Газа, но неопходен услов е да влезе внатре и да ги отстрани екстремистите, Хезболах е на северот, а Хамас е на југот“, изјави Бајден во интервјуто за емисијата „60 минути“ што беше емитувана на „ЦБС“.

Уставни измени не ни бегаат: Здружената албанска опозиција ја услови коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ со уставни измени!
Американскиот претседател Џо Бајден ќе биде веројатно во посета на Израел в среда
ПАРИ ОТКРИВА: КОЛКАВИ ПЛАТИ ЗЕМААТ ТРГОВЦИТЕ СО СТРУЈА
Бајден смета дека израелската окупација на Газа би била „голема грешка“
Доктор открива дека ова е единствениот леб којшто може да се јаде колку и да посакате без да се здебелите 
ЛУЃЕ, ЗАЉУБЕТЕ СЕ: Еве зошто е добро!
Ердоган телефонски разговараше со британскиот премиер Сунак за израелско-палестинскиот конфликт
ВО ШВЕДСКА: Тинејџер уби 2 жени и маж за 48 часа ПУКАЛ НА МЛАДАТА МАЈКА во грб додека таа бегала со бебе
Во 5 чекори, прифатете го минатото и простете си себеси и на другите

Наведувајќи оти верува дека Израел во Газа ќе се придржува до правилата на војување, Бајден изјави дека луѓето во Газа ќе имаат пристап до храна, вода и лекови.

Тој изјави дека Хамас мора да биде целосно елиминиран, но дека мора да постои палестинска власт, додавајќи дека мора да постои пат до палестинска држава.

Напоменувајќи дека „решението на две држави“ е американска политика со децении, Бајден додаде:

„Тоа, покрај Израел, би создало независна нација за пет милиони Палестинци.“

Оваа изјава на Бајден доаѓа во време кога во извештаите се наведува дека израелската војска се подготвува да започне значајни копнени операции.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK