октомври 23, 2024

Американскиот претседател Џо Бајден веројатно в среда ќе го посети Израел, јавува израелскиот „Канал 12“.

Нема официјална потврда од Белата куќа или израелската Влада во врска со посетата на Бајден.

Израелската телевизија во неделата објави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху упатил повик до американскиот претседател да го посети Израел во знак на солидарност во услови на израелско-палестинската војна која е во тек.

Ова никој не го очекуваш од Карлеуша! Ја напаѓаше Прија, а сега шокантен пресврт: Таа излезе во одбрана, па на сите им испрати брутална порака (фото)
ПРВИТЕ ВИДЕА ОД МЕСТО НА ПУКАЊЕТО ВО БРИСЕЛ Напаѓач со калашников отвори оган во центарот на градот и уби две лица: Тој е во бегство
Американскиот претседател Џо Бајден ќе биде веројатно во посета на Израел в среда
Битиќи за предистражната постапка за избор на фирмата за надзор на „Бехтел и Енка“: Да не се компромитира процесот додека не се докаже спротивното
Здружената албанска опозиција ја услови коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ со уставни измени!
НЕПРЕДВИДЕНА КАТАСТОФА: Прекинат натпреварот Белгија- Шведска , по убиството на шведските навивачи
ПАРИ ОТКРИВА: КОЛКАВИ ПЛАТИ ЗЕМААТ ТРГОВЦИТЕ СО СТРУЈА
Бајден смета дека израелската окупација на Газа би била „голема грешка“
Доктор открива дека ова е единствениот леб којшто може да се јаде колку и да посакате без да се здебелите 

Бајден претходно го посети Израел во јули 2022 година.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го посети Израел денес за да се состане со израелските официјални лица.

Блинкен неодамна ги посети и Јордан, Катар, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Египет.

Десет дена по конфликтот со палестинската група Хамас, продолжува израелското бомбардирање и блокадата на Појасот Газа, при што беа раселени над 1 милион луѓе – речиси половина од вкупното население на Газа.

Газа се соочува со тешка хуманитарна криза. Областа е без струја, а водата, храната, горивото и медицинските резерви се при крај, додека цивилите бегаат на југ по израелското предупредување да се евакуираат северните области.

Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа 2.750 Палестинци.

Претходно беше објавено дека меѓу загинатите во израелските напади има повеќе од 750 деца.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK