октомври 23, 2024

Тамара Грујеска ќе ја претставува Македонија на 21. издание на детската Евровизија, кое ќе се одржи на 26 ноември во Ница, Франција.

Вчера беше промовиран видеозаписот за нејзината евровизиска песна, со наслов „Кажи ми, кажи ми кој“.

Песната е дело на веќе докажани музичари од кај нас – текстот го напишаа Роберт Билбилов и Коста Петров, а за музиката се погрижија Билбилов и Дарко Димитров. Ова трио работеше и на евровизиската песна на Тамара Тодевска, „Proud“, со која таа го освои најголемиот пласман на Македонија на Евровизија – 7. место во финалната вечер.

Франција е годинашната земја-домаќин на детската Евровизија, по минатогодишната победа на Лисандро, чија песна „Oh maman!“ беше избрана за најпопуларна во конкуренцијата од 16 земји-учеснички.

 

The post (Видео) Тамара Грујеска со песна на Димитров и Билбилов ќе ја претставува Македонија на „Детска Евровизија“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK