октомври 23, 2024

Општина Аеродром на својата фејсбук страна утрово сподели фотографии од неколку детски игралишта што се целосно уништени од несовесни вандали. Едно од нив е детското игралиште во населбата Ново Лисиче во близина на детската улица, каде несовесни граѓани ја запалиле детската лизгалка.
Деновиве повторно сме сведоци на вандалски чин на неколку локации каде од страна на несовесни граѓани оштетени се новите детски игралишта во Аеродром.

Во изминатите неколку денови, општинските служби затекнаа оштетени детски игралишта, уништени спортско – рекреативни реквизити и урбана опрема на повеќе локации во општината.

Најстрого го осудуваме овој вандалски чин и апелираме до граѓаните да бидат совесни кон јавните површини. Истовремено бараме од надлежните државни институции со засилени активности да ги спречат појавите на вандализам во општината.

The post Запалена детска лизгалка и целосно уништени неколку игралишта во Аеродром appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK