октомври 23, 2024

Горан Иванишевиќ, познатиот хрватски тенисер и тренер на Новак Ѓоковиќ, во доцните часови преку Инстаграм испрати порака во која открива дека минува низ исклучително тежок период во приватниот живот.

Иванишевиќ откри дека има сериозни проблеми со бившата сопруга Татјана Драговиќ која наводно и покрај сите закони и договори му ги земала парите. Тренерот на Новак јавно најави дека правдата ќе ја бара на суд.

„Во моментот кога се осмелив да ги барам парите што ги заработив пред и за време на бракот, кои Т.Д. (Татјана Драговиќ) ги присвои и покрај сите закони и договори, станав семеен насилник и миленик на судовите. Сега само се чека тужбата дека дотичната Т.Д требало да освои Вимблдон и два олимписки медали, а можеби да освои уште еден Грен слем, но тоа допрва треба да го одреди судот. За сите прашања и останатото, ве молиме контактирајте ги моите адвокати г. Мандиќ и г. Станиќ кои долго се занимаваат со овој случај. Со должна почит Горан“, напиша Иванишевиќ на Инстаграм.

Горан и Татјана беа заедно 17 години, се венчаа во 2009 година, а се разведоа во 2013 година. Горан е во брак со водителката Нивес Чановиќ од 2017 година.

 

The post Горан Иванишевиќ ја тужи бившата сопруга дека му ги земала парите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK