октомври 22, 2024

После првата песна на мaкeдонски „Зора” на Каролин не и требаше многу време за да ја издаде и нејзината втора песна со наслов „Ќе ти дојдам”. Идејата за новата песна која е и нејзина втора песна на македонски и (помал дел на српски) на Каролин потекнува од снимањето на кавер верзија на народната македонска песна „Ќе ти дојдам вечер” од Спасен Сиљановски.

По објавувањето на платформата Тик Ток добива неверојатни половина милион прегледи и тоа беше доволна инспирација за Каролин да ја сними песната. Поточно текстот од рефренот е ист, но песната е во класичен 2000’s RnB стил – стилот кој ги одбележа нејзините тинејџерски денови. Секако дека Спасен беше контактиран околу авторските права.

Музиката и аранжманот се на Дони Балкан, текстот на Стефани Николиќ, микс и мастеринг на Сансимо. За песната е изработено музичко видео.

Каролин ни ветува за брзо време дека ќе издаде уште една нова песна на македонски со прекрасен видео запис и дека се почесто ќе биде присутна на македонската музичка сцена и по клубовите ширум државава.

https://www.youtube.com/watch?v=m6e381o-eSQ

The post (Видео) Пејачката Каролин ја преработи песната „Ќе ти дојдам“ на Спасен Силјановски во модерен ар-ен-би стил appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK