Анкетната комисија за случајот на Клиниката за онкологија денеска продолжи со работа со сослушување на поранешните и актуелните директори на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, Орхан Рамадани, Фатон Ахмети, Магдалена Филиповска Грашковска.
Шведското знаме е спуштено на половина копје во седиштето на ФИФА во чест на жртвите од пукањето во Белгија
Меси станa најдобар стрелец во историјата на квалификациите за Светското првенство во Јужна Америка
Анкетната комисија за случајот Онкологија почна со сослушување на поранешните и актуелните директори на ФЗО
“РЕЖИМОТ“ НА АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ ПРЕД КОЛАПС !? ЕУ се откажува, Косово му прави голем проблем, а тој сега го направи единствениот можен потег за ‘спас’ на Србија
Фон дер Лајен ќе ја посети Северна Македонија до крајот на месецот
Борел: Палестинците се жртви на Хамас
Ковачевски не го коментира застарувањето на случајот „Таргет-тврдина“
Петровска – Форд: Северна Македонија е кредибилен сојузник кој инвестира во националната и колективната одбрана
Акција за засадување дрвја на над 100 локации во Скопје
На денешната седница, која се води од потпретседателот на Анкетната комисија Александар Велјановски, ќе бидат сослушувани и сведоци и експерти, како и разгледување акти и документи.
На вчерашната седница на Комисијата беа сослушани поранешниот и актуелниот министер за здравство, Венко Филипче, односно Фатмир Меџити.
Претходно на сослушување пред Анкетната комисија беа и претходниот министер за здравство, Беким Сали, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Анкетната комисија за случајот со Клиниката за радиотерапија и онкологија беше формирана на 29 септември откако Јавното обвинителство отвори предистражна постапка за овој случај по медиумските објави за наводни злоупотреби на работната позиција и нерегуларности поврзани со третманот на пациентите од оваа клиника.
Следете не, не има насекаде