октомври 23, 2024

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, и евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, денеска ја посетија компанијата „Вивакс“.

Во своето обраќање вицепремиерот Маричиќ рече дека успешноста на компанијата „Вивакс“ е пример за важноста и придобивките од спроведувањето на ИПАРД програмата на терен.

Ердоган: Советот за безбедност на ОН „не ја исполни одговорноста“
Аземина од Купрес чува стадо овци и оди на полициска академија
Утре е тежок празник. Се празнува АПОСТОЛ КОЈ ГО ШИРЕЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО
Европската централна банка е подготвена за следната фаза на дигиталното евро
Европските парламентарци бараат Србија да го екстрадира Милан Радоичиќ на Косово
И дал на заем 1500 денари, а и земал телефон како гаранција – подоцна за да и го врати барал 6000 денари!
Маричиќ: Со ИПАРД програмата македонските компании стануваат поконкурентни на пазарот на ЕУ
ЏО БАЈДЕН ГО НАПУШТИ ИЗРАЕЛ – Познато е каде ќе замине претседателот на САД по посетата на Тел Авив
Демаскирани: Откриена причината за разводот на Софија Вергара и Џо Манганиели

Резултатите се видливи дека со поддршка на оваа европска програма, преку инвестиции во опрема, машини и уреди за преработка, преработувачкиот сектор добива можност да започне или да го подобри постоечкиот бизнис, како што тоа го направи компанијата Вивакс, изјави Маричиќ.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ укажа дека и во моментот додека преговараме со Европската Унија, придобивките се веќе видливи и дека очекува новата ИПАРД 3 програма која е со повисока поддршка од ИПАРД 2, да има 100% искористена, за како што рече „да го задржиме приматот лидери во регионот во реализација на оваа европска програма“.

После обиколката на лаборатории и погоните за производство, опремени со поддршка на ИПАРД програмата, со вкупна вредност од над 1,74 милиони евра, вицепремиерот Маричиќ додаде ИПАРД е успешна европска приказна за македонските земјоделци и стопанственици и дека тоа покажува подготвеност од наша страна да продолжиме понатаму во усогласувањето за членство во ЕУ.

Конкретно со ИПАРД програмата македонските земјоделци, стопанство и институции имаат голема поддршка од европските партнери. И тоа треба да го искористиме и да инвестираме повеќе, да станеме дополнително независни и самоодржливи во поглед на храна, енергија и економски развој, посочи Маричиќ.

Во таа насока потенцираше дека досегашната финансиска помош со членството во ЕУ ќе биде уште поголема, поради пристапот до поголеми суми од структурните фондови, но најважно од сè како што кажа Маричиќ е што македонските земјоделци и производители со влезот во ЕУ ќе добијат предвидливост и сигурност на земјоделската политика.

Маричиќ порача дека сме сè поблиску до она што претставува европско производство со кое се усогласуваме во рамки на Заедничката земјоделска политика и руралниот развој на ЕУ и повика во таа насока да продолжи Македонија, за како што кажа, „да овозможиме на бизнис секторот, на земјоделците, да имаат повеќе можности и привилегии на европскиот пазар без царини и бариери“.

И тоа е нашата цел и визија која ја оствариме за нашите граѓани и македонската економија. Повеќе неповратни европски средства, за повеќе инвестиции и модернизација на македонското земјоделство и производство. И е лесно остварлива ако заеднички работиме да имаме што повеќе вакви успешни бизниси дома, истакна на крајот вицепремиерот за европски прашања Маричиќ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK