септември 23, 2024

Доколку сте во потрага по готвена храна која има моќ да го зајакне имунитетот, но и да помогне во „борбата“ со вишокот килограми, тогаш оваа супа е вистинскиот избор за вас.

Предноста на оваа супа или чорба се состои во користење недозреани зрна грав. Овој грав домаќинките го складираат во фрижидерите откако претходно ќе го наберат гравот на кој зрната во мешунките сè уште се зелени.
Откако ќе се набере недозреаниот грав, се чисти од мешунката, се мие и се складира во замрзнувач од каде што можете да го земете и да го подготвите секогаш кога ќе посакате. Сепак, внимавајте, бидејќи тој има хранлива и нутритивна вредност само една година откако ќе биде набран. Откако ќе помине подолго време замрзнат, гравот можете да го фрлите, а на негово место да складирате нов, свежо набран.
За оваа супа, потребни ќе ви бидат следните состојки:
200 грама зелен грав
2 чешниња лук
2 моркови
1 лажица сончогледово масло
малку коријандер
1 ловоров лист
10 грама свеж изрендан ѓумбир
1 лажичка куркума во прав
3 лажици сок од лимон

Супа која го зајакнува имунитетот

Подготовка:
Измијте го гравот и ставете го да откисне во вода околу 12 часа пред да почнете да го подготвувате.
Откако ќе помине потребното време, ставете го да се вари преливајќи го со околу 2 литри вода, во која претходно сте го додале ловоровиот лист.
Откако гравот ќе зоврие, во него додајте го исечканиот лук заедно со исечканиот морков, коријандерот, ѓумбирот и куркумата.
Оставете го гравот да се свари.
Откако зрната целосно ќе омекнат, изблендирајте го и во чорбата додајте го исцедениот лимон. Убаво промешајте и послужете.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK