октомври 23, 2024

Доли Партон откри дека секогаш спие нашминкана за да биде подготвена доколку налета на фотографи во случај да мора да излезе доцна навечер.

77-годишната икона на кантри-музиката призна дека откога пристигнала во Лос Анџелес во 80-тите, секоја вечер ја оставала шминката на лицето. Сакала да изгледа убаво ако мора да брза надвор и ја начекаат папараците на улица.

Во новата книга Behind The Seams: My Life In Rhinestones таа пишува: „Кога пристигнав во Лос Анџелес во 80-тите, почнав да спијам со шминка, делумно поради земјотресите“.

„Си мислев: не излегувам на улица без шминка во случај да има камери таму! Ќе бидам подготвена за излегување!“

Сепак, Доли истакнува дека секогаш го чисти своето лице наутро пред да се нашминка за тој ден.

„Не е важно кога ќе го чистите лицето сè додека го чистите еднаш дневно“, додава таа.

The post Доли Партон секогаш спие нашминкана за да биде спремна за на камера во случај на земјотрес appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK