октомври 23, 2024

Во наредните десетина дена претседателот на државата Стево Пендаровски ќе го свика Советот за безбедност. Луѓето од неговиот кабинет веќе работат на подготовката на точките кои ќе бидат разгледувани. Првата точка ќе биде ситуацијата на Северот на Косово, односно разгледување на одлуката да се испратат дополнителни војници на АРМ во рамките на мировниот контингент кој веќе е во Косово. Оваа одлука се разгледува на барање на НАТО.

Сонцето е на пат да стане најважниот извор на енергија
Мерил Стрип се разведува по 45 години брак, парот живее одвоено веќе шест години
Мачка го собори Гинисовиот рекорд за најгласно предење
Планот на ЕУ за забрзана интеграција го прави реално и опипливо членството во ЕУ до 2030
ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС ОТВОРЕН ЗА ПРВ ПАТ ПО ДВА ВЕКА! Археологот откри: „Колената ми се стресоа кога плочата беше поместена!
Македонија ќе испрати уште војници во Косово, Пендаровски наскоро ќе го свика Советот за безбедност
Пред неколку дена објави дека се разведува од малку смешна причина, а сега страсно се бакнува со нов дечко!
Спасовски: Врвен приоритет на МВР е спречување нелегална сеча на шуми, од 2017 до денес поднесени 919 кривични пријави
„ЈА ДОБИЈА ЕМИСИЈАТА ЗАТОА ШТО СПИЕА СО ДЕСЕТ ДУШИ“ Леа Киш јавно им се нафрли на овие водителки
Јужна Африка и Нов Зеланд во финалето на СП во рагби

„До сега на Косово имаше околу 4500 војници, треба да има околу 5000, секоја држава во рамките на своите можности го засилува својот контингент. Тоа не е некоја тајна, ние имаме 64 војници таму во моментот, сакаме уште 25-26 луѓе да однесеме, во еден од тие сектори, тие ги нарекуваат зони на одговорност на Косово. Значи, Косово ќе биде на дневен ред, Украина ќе биде на дневен ред и последниот случај. Некој вика, тоа е далеку од нас, меѓутоа ние за жал имаме од Сириската војна наваму, имаме луѓе кои што се платеници кои што се борат на една или друга страна, а се наши државјани и треба да видиме што со нив кога утре, задутре ќе се вратат во државата.“, изјави Пендаровски.

А, дали постои реална можност, кризата на Блискиот Исток да се прошири, а со самото тоа и нашата држава да не биде заобиколена. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека Руската инвазија врз Украина, Блискиот Исток, но и нестабилниот регион, диктираат постојано да се следи состојбата.

„Во постојана комуникација се и Агенцијата за национана безбедност и Агенцијата за разузнавање, заедно со МВР, се со цел да ја зачуваме безбедноста и стабилноста на нашите грагањи и државата, меѓутоа и да влијаеме на стабилноста и безбедноста на регионот.“, вели Спасовски.

За разлика од него, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, вчера од Охрид порача дека во моментов нема лоцирани закани по безбедноста на државата и на граѓаните. Институциите, службите, безбедносно – разузнавачката заедница будно ги следат случувањата во Израел и Украина, разменуваат информации и на национално ниво и во рамките на НАТО алијансата, изјави министерката.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK