октомври 23, 2024

При редовна обиколка на територијата на Општина Ѓорче Петров од oвластен инспектор за животна средина при Општина Ѓорче Петров лоцирано е одлагање згура од преработка на акумулаторски батерии во близина на село Орман, во количина од проценети околу 500 до 600 тони.

Како што е објавено на фејсбук страната на Државниот инспекторат за животна средина отпадот бил лоциран минатата недела.

Се вратила од одмор и видела дека целата куќа и е урната – и тоа по грешка
Хрват 4 години не доаѓал на работа: Бил на боледување, фирмата му дала отказ, па ги тужел
КОЈ И ЗОШТО ЗАГАДУВА? Откриен опасен отпад во близина на село Орман
Каролина Гочева со својот бенд ќе одржи бесплатен концерт во Скопје
Израел: Ќе ги засилиме нашите напади
Вучиќ: Не можам да зборувам за детали, таков е договорот, но нивната крајна цел е да го признаат Косово
Сонцето е на пат да стане најважниот извор на енергија
Мерил Стрип се разведува по 45 години брак, парот живее одвоено веќе шест години
Мачка го собори Гинисовиот рекорд за најгласно предење

– Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад, информираат од Инспекторатот.

Оттаму посочуваат дека според затекнатата состојба на теренот и проценка за ризикот, овластениот инспектор за животна средина по службена должност започнал инспекциска постапка и при тоа издал решение со кое им се наредува на сопствениците на земјиштето дислокација на опасниот отпад од катастарските парцели во село Орман на соодветна за тоа локација во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK