октомври 23, 2024

Австриските медиуми пишуваат за антисемитскиот чин што се случи во петокот вечерта во центарот на Виена, каде насилно беше скинато израелското знаме пред синагогата.

Хрватски Вечерњи лист ги пренесува пишувањата на тие медиуми и наведува дека се појавило видео кое на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) го објавила Бини Гутман, виенска членка на Одборот на Светскиот еврејски конгрес.

УНИЦЕФ ПРЕДУПРЕДУВА: Болниците во Газа остануваат без гориво, животите на 120 новороденчиња се во опасност
ХАОС ВО ВИЕНА: Насилно искинато израелското знаме од синагогата во центарот на градот, Австријците шокирани, а потоа настана турканица (ВИДЕО)
При инспекциски надзор детектиран опасен отпад во близина на село Орман
„ЈА ДОБИЈА ЕМИСИЈАТА ЗАТОА ШТО СПИЕА СО ДЕСЕТ ДУШИ“ Леа Киш јавно им се нафрли на овие водителки
Навики на среќни парови: Што е предуслов за стабилна врска?
Се вратила од одмор и видела дека целата куќа и е урната – и тоа по грешка
Хрват 4 години не доаѓал на работа: Бил на боледување, фирмата му дала отказ, па ги тужел
КОЈ И ЗОШТО ЗАГАДУВА? Откриен опасен отпад во близина на село Орман
Каролина Гочева со својот бенд ќе одржи бесплатен концерт во Скопје

Тој изјави дека на видеото се гледа како помлад човек учествува во можеби политички мотивиран чин на омраза кон Израел, додека друг му помага во тоа.

Се наведува дека виенската полиција го потврдила инцидентот и соопштила дека се случил во 2 часот ноќта меѓу петокот и саботата.

Гутман изјави дека овој инцидент е потврда дека „ситуацијата за Евреите во Европа е сериозна“.

Gestern Nacht gab es einen antisemitischen Angriff auf den Wiener Stadttempel. Unter Gejohle reißt eine Person die israelische Flagge die die Synagoge gehisst hatte hinunter, eine andere Person imitiert ein Maschinengewehr.

Die Lage ist auch für Juden:Jüdinnen in Europa ernst. pic.twitter.com/kfGscFBt5Q

— Bini Guttmann (@Bini_Guttmann) October 21, 2023

Во снимката, која ја објавија и австриските медиуми, се гледаат двајца млади момчиња како насилно го вадат израелското знаме над влезната врата на синагогата.

Во непосредна близина може да се види млада жена која имитира пукање од автомат.

Австрискиот весник Хојте објави текст под наслов „По нападот на знамето во Виена дошло до дива тепачка“ и поднаслов „Омраза кон Израел“, наведувајќи дека еден од очевидците на инцидентот сакал да ја приведе жената, но бил спречен во тоа од неколку лица, при што едното го удрило во пределот на лицето и го повредило.

По пристигнувањето на местото на инцидентот, полицијата пронашла искинато знаме и почнала да трага по сторителите по кои се уште трага.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK