октомври 23, 2024

Полицијата во Ресен синоќа во 20.30 часот ги лишила од слобода А.М.(42) и Ј.Р.(31), двајцата од Ресен, поради напад на полициски службеник со тврд предмет.
Како што соопшти МВР, полицаецот во моментот не бил на работа, но претходно, при преземање на службени дејствија, ги затекнал пријавените како вршат кривично дело – нелегален транспорт на дрва.

Во вториот случај, вчера во Тетово малолетник се обидел да прегази полициски службеник.

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 13.00 часот во тетовско Желино лишиле од слобода малолетник од село Копачиндол, тетовско и малолетничка од село Добарце, тетовско поради тоа што околу 12.00 часот во Тетово со патничко возило „БМВ“ без регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот, не застанале на даден знак за запирање од полициски службеник и се обиделе да го прегазат.

The post Во Тетово прегазен, во Ресен претепан полициски службеник appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK