октомври 23, 2024

Oва е историски ден за Македонците во Албанија. Македонскиот јазик за првпат е во официјален документ на ФУЕН.

Федералната унија на европските националности, ФУЕН, за првпат објави документ на македонски јазик.

„Чувствувам огромно задоволство и радост што брошуратa на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН за првпат се објавува и на македонски јазик“, информираше Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден”-Тирана.

Брошурата содржи информации за 28 малциства во Европа, меѓу кои се наоѓаат и информации за Македонците во Република Албанија и Република Грција.

Ѓурѓај вели дека првото издание на германска јазик од оваа брошура, е отпечатено во декември 2019 година.

„Брошурата е на пет јазици, а сега и на македонски јазик и првапат на кирилично писмо. Преводот на брошурата од германски на македонски јазик е на Лизбет Ѓурѓај, меѓународен координатор на МД „Илинден“ и Роберт Кленкоски, претседател на Централниот совет на Македонците во Германија“, вели Ѓурѓај.

За лектурата и коректурата на македонското издание се погрижија Никола Ѓурѓај и Лизбет Ѓурѓај.

МД „Илинден”-Тирана учествува на четиридневниот 26. семинар на работната група на словенските малцинства при ФУЕН што се одржува во Загреб, Хрватска а кој завршува денеска.

Друштвото „Илинден” е член на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства.

The post Историски ден за Македонците во Албанија: Македонскиот јазик за првпат во официјален документ на ФУЕН. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK