октомври 23, 2024

ГАРДИЈАН ОБЈАВИ Проценката на француското воено разузнавање покажува дека најверојатната причина за смртоносната експлозија во болницата Ал Ахли во градот Газа била палестинска ракета со експлозивно полнење од околу пет килограми, која најверојатно била погрешно испукана.

Британски Гардијан пренесува дека тоа го изјавил неименуван висок француски воен функционер.

ТАЈНАТА СЛУЖБА НА МАКРОН Тврди: Палестинска ракета со 5 килограми експлозив е најверојатната причина за масакрот во болницата во Газа

АП пренесува дека официјалниот претставник рекол дека неколку ракети во арсеналот на палестинската екстремистичка организација Хамас носат експлозивни полнења со приближно толку тежина, вклучително и ракета од Иран и друга ракета од палестина.

ОВА СЕ НЕМА СЛУЧЕНО 16 ГОДИНИ – Тектонски земјотрес на светските берзи
Софиа Вергара го преболе разводот ВИДЕНА СО НОВ ПАРТНЕР ВО ЈАВНОСТ
ХЕЗБОЛАХ ИГРА МНОГУ, МНОГУ ОПАСНА ИГРА: Израелската армија објави оперативен извештај од границата со Либан
ТАЈНАТА СЛУЖБА НА МАКРОН ИСТРАЖИЛА: Палестинска ракета со 5 килограми експлозив е најверојатната причина за масакрот во болницата во Газа
Како за 12 минути да го зготвите најсочниот, а воедно и најкрцкавиот компир
Идеја за појадок: Проја со ајвар
Растопен кромид: Рецепт за најдобриот и најмекиот гарнир за месо
Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот
Кои автомобили ги возат мажите кои најчесто изневеруваат?

– Никој од француската воена разузнавачка служба не го впери прстот кон Израел како извршител на нападот – изјави функционер од Париз.

Се вели дека извештајот доаѓа откако канадското Министерство за одбрана соопшти дека Израел не стои зад експлозијата во болница во градот Газа во вторникот вечерта.

Хамас го обвини израелскиот воздушен напад за смртта на стотици луѓе во експлозијата, додека израелската војска ја обвини за масакрот погрешно испукана ракета од страна на палестинската екстремистичка организација Исламски џихад, која ја негираше одговорноста.

Гардијан наведува дека францускиот функционер инсистирал на анонимност, но рекол дека добил дозвола од претседателот Емануел Макрон да ги направи транспарентни наодите на француското разузнавање.

Проценката е направена врз основа на доверливи податоци, сателитски снимки, разузнавачки информации разменети со други земји и јавно достапни податоци – рече тој функционер.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK