октомври 23, 2024

Во израелските напади на Газа животот го загубија 4.651 лице, меѓу кои 1.873 се деца, соопшти денес Министерството за здравство во опколената енклава, известува Анадолу.

Ашраф Кудра, портпаролот на Министерството за здравство на Газа, соопшти дека меѓу загинатите во израелските напади од 7. октомври досега, 1.023 се жени.

Елон Маск им нуди милијарда долари на „Wikipedia“ да си го сменат името во „Dickipedia“
ДО 2050 ГОДИНА ПОВЕЌЕ ОД 800 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ЌЕ ЗАБОЛАТ ОД ОВАА БОЛЕСТ
Во израелските напади на Газа од 7. октомври досега загинаа 4.651 лице
УНИЦЕФ ПРЕДУПРЕДУВА: Болниците во Газа остануваат без гориво, животите на 120 новороденчиња се во опасност
Најмалку 28 лица загинаа при превртување на брод на реката Конго
ОБЈАВЕНО ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ВРВОТ НА САД – “Постои голема опасност од напад на американските сили!“
ХАМАС ИМАЛ ВО ПЛАН ДА ИСКОРИСТИ МНОГУ ОПАСНО ОРУЖЈЕ – Израелците пронајдоа ужасен детал на тело на еден од убиените терористи
ТИНЕЈЏЕР ОД СРБИЈА ГОНЕТ ОД ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА КАКО ВО АКЦИОНЕН ФИЛМ – Полицијата го бркала, а кога виделе каде се крие, не можеле да им поверуваат на очите
ОВА СЕ НЕМА СЛУЧЕНО 16 ГОДИНИ – Тектонски земјотрес на светските берзи

„Бројката на повредени се зголеми на 14.245“, додаде Кудра.

Газа доживува тешка хуманитарна криза. Овој регион е без струја, а водата, храната, горивото и медицинските материјали се при крај.

Борбите започнаа на 7. октомври, кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас наведе дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Израелската војска како одговор ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа. Оваа операција доби димензии на неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви, но и болници.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK