ноември 22, 2024

Еден фан сподели црно-бела фотографија од принцот Вилијам и Кејт од нивната венчавка, веднаш откако беше снимен уште еден документарен филм за принцот Хари и Меган.

Инстаграм профилот royalinstablog, кој го водат фанови и следбеници на кралското семејство, сподели досега невидена фотографија од свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

На црно-белата фотографија од 2011 година, Вилијам и Кејт се гледаат како позираат насмеани, држејќи се за рака.

Под објавената фотографија во описот пишува:

„Никогаш не видена слика од принцот и принцезата од Велс на денот на нивната венчавка. Тие ја споделија оваа слика во нивната божиќна честитка во 2011 година“.

Фотографијата се појави откако принцот Хари и Меган Маркл споделија голем број невидени приватни фотографии во нивните два трејлера за документарецот на Нетфликс.

Инаку, принцот Вилијам и Кејт во 2011 година прошетаа по светата патека на Вестминстерската опатија, каде што го кажаа судбоносното да пред 2.000 гости.

Церемонијата, изведена од тогашниот надбискуп на Кентербери, д-р Роуан Вилијамс, ја следеа 37 милиони луѓе ширум светот, додека Кејт Мидлтон носеше наметка од Александар Меквин од 250.000 фунти, која вклучуваше чипкасто елече рачно сошиено од најдобрите светски шивачки во Кралската куќа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK