Аргентина поведе со 1-0 после нешто од пола час од четвртфиналната пресметка со Холандија, откако генијалецот Лионел Меси со страшна асистенција му овозможи на десниот бек Нахуел Молина да го даде својот прв гол во дресот на „гаучосите“.
Ретко кој помисли во зачеток на акцијата дека Аргентина може во акцијата до гол, но Меси најде начин со спектакуларно додавање да го искористи моментот Молина да го надмудри во приемот бавниот Далеј Блинд и потоа да погоди во мрежата на неговиот 25-ти настап за Аргентина.