октомври 24, 2024

Со марш предводен од коњаницата „Букефал“, Општина Могила го почна чествувањето по повод 10 години од преместувањето на моштите на Димче Могилчето од црквата Св Недела до црквата Св.Архангел Михаил во Могила.

На гробот на Димче Могилчето се одржа панихида.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Могила Драганчо Саботковски кој им се заблагодари на сите сограѓани за присуството, а упати и благодарност до иницијативниот одбор кој пред 10 години го реализирале преместувањето на моштите. Кажа дека општината годинава одбележува и 115 години од смртта на познатиот војвода Димче Могилчето како и 130 години од формирањето на ВМРО. За да создаваме иднина потребно е прво да го почитуваме и негуваме минатото, потенцираше градоначалникот.

На 10 годишнината од преместувањето на моштите, беше промовирана и поемата „Дејгиди де“ од авторот Зоран Пејковски, посветена токму на ликот и делото на Димче Могилчето.

Оваа поема премиерно беше изведена на 12 септември по повод одбележувањето на 27 годишнината од постоењето на Општина Могила.

Димко Илиев Сарванов- Могилчето роден во с.Могила 1879 година, е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Учествува во Илинденското востание , а како околиски војвода на Битолската полска чета на ТМРО учествува во повеќе борби.

Бил голем приврзаник на македонската национална кауза и се спротивставува на делувањето на грчките чети во Мариовскиот крај. Се истакнува во борбата со турските даночници и станува популарен помеѓу народот кој ќе испее песни за неговата храброст и јунаштво. Најпозната е песната „Абер ми иди од Могила“. За да не биде фатен жив од Турците тој се самоубива.

Tv Tera

The post Могила одбележа 10 години од преместувањето на моштите од Димче Могилчето appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK