октомври 24, 2024

Филмот на  Гоце Цветановски, „Бизнисот на задоволството“, освои награда за најдобра камера на фестивалот ДЕА во Тирана. Наградата ја доби директорот на фотографија Фејми Даут.

Ова е петта награда за филмот, кој веќе освои награди во Бугарија, Перу, Панама и Романија. Филмот ќе игра на уште седум фестивали, во Канада, САД, Африка, Боливија, Аргентина и Шпанија.

Филмот, кој е по сценарио на Цветановски, е политички трилер во кој новинарка, опседната со исчезнувањето насвојата најдобра другарка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа на трговија со жени. Во филмот играат Играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска. Премиерата беше летоска на Синедејс во Скопје.

The post „Бизнисот на задоволството“ освои награда на фестивалот ДЕА во Тирана appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK