декември 29, 2024

Објавена нова тура на „Твитер досиеја“ – социјалната мрежа и помагала на американската војска во пропагандните напори за Блискиот Исток преку дозвола за функционирање на група од профили

Нова тура документи открива како Твитер заедно со американската влада работел на поддршка на психолошките операции на Пентагон наменети за Блискиот Исток преку мрежа на специјализирани профили.

Како и претходните документи, така и оваа „пратка“ е обелоденета од страна на Илон Маск кој откако за 44 милијарди долари ја купи социјалната мрежа се заложи за зголемување на транспарентноста и управувањето со содржините и внатрешните политики.

Документите ги обработи Лин Фенг истражувачки новинар од „Интерсепт“ (The Intercept) без влијание или насоки како што тврди Маск.

Yikes! https://t.co/Qr0KyPuOYf

— Elon Musk (@elonmusk) December 20, 2022

покрај ветувањата дека ќе ги затвори тајните државни пропагандни мрежи, документите на Твитер покажуваат дека гигантот на социјалните мрежи директно помагал во операциите за влијание на американската војска“, објави Фенг на неговиот Твитер профил во серија на твитови со детали од обелоденетите документи.

Главната поента на објавувањето на овие документи е обидот да се докаже дека тогашното раководство на Твитер дозволило оваа мрежа на американската војска да функционира без никакви ограничувања иако компанијата јавно тврдела дека прави напори за спречување на профилите кои шират прикриена пропаганда, а се под контрола на државните безбедносни и воени служби.

19. Twitter’s comms team was closely in touch with reporters, working to minimize Twitter’s role. When the WashPost reported on the scandal, Twitter officials congratulated each other because the story didn’t mention any Twitter employees & focused largely on the Pentagon. pic.twitter.com/0cDwdguGpy

— Lee Fang (@lhfang) December 20, 2022

Во овој случај станува збор за профили кои биле управувани или биле во координација со Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) која е под надлежност на Министерството за одбрана.

„Профилите на ЦЕНТКОМ на списокот често твитаа за воените приоритети на САД на Блискиот Исток, вклучително и промоција на пораки против Иран, промоција на војната во Јемен поддржана од Саудиска Арабија и САД и наводи за „прецизните“ напади на американски беспилотни летала за кои се тврди дека ги погодуваат само терористите“, открива Фанг.

Што се „Твитер досиеја“?

Серијалот на објави на „Твитер досиејата“ oд вкупно осум дела досега опфаќаше комуникација и внатрешни документи на социјалната мрежа во која се разговара за ограничување на содржините кои ги објавуваат профили со конзервативни политички убедувања.

Опфатена беше како е донесена одлуката за забрана за профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп по упадот на Капитол хил на 6 јануари непосредно по изборите.

Исто така по интервенција на Маск беа објавени интерни документи за спречување на објави поврзани со протечените мејлови и податоци од лаптопот на Хантер Бајден, инаку син на актуелниот претседател Џо Бајден.

Засега реакциите и од демократите и републиканците се измешани, што е причина за дополнителна поларизација. Едната страна тврди дека конечно е „откриена левичарската пристрасност на Твитер“, додека пак другите тврдат дека документите покажуваат колку тимот на социјалната мрежа имал предизвици да се справи со начелата на непристрасност и дека претежно биле носени правилни одлуки.

TRT Balkan Macedonia

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK