октомври 24, 2024

Лидерите на ЕУ се согласија да ги искористат приходите од замрзнатите суверени руски средства за помош на Киев, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Лидерите на ЕУ се согласија да користат дел од замрзнатите руски средства, пред сè приходот од нив, за поддршка на Украина. Самитот потврди дека помошта за Украина останува приоритет на Европската унија“, рече Мишел на конференцијата по самитот.
Сепак, на самитот на ЕУ не беше постигнат договор за програмата за буџетска помош за Украина.

МЕДВЕДЕВ И АТП ВО „КЛИНЧ“: Русинот уште еднаш упати низа критики – „Не сакам болка во рамото до крајот на животот“
Падна договор: ЕУ ќе го користи замрзнатиот руски имот за помош на Украина
Ја дрогирал, ја тепал, врзана ја убил па ја спакувал во фрижидер! Брутално злосторство кое ќе ве шокира: Беше бремена два месеца…
СПИЕВ СО 300 МАЖИ ЗА 1 ГОДИНА: Еве што се случи кога мојот „редовен“ клиент дозна!
НА ПОГРЕБ ЕСКАЛИРА СЕМЕЈНА РАСПРАВА ВО МАСОВНА ТЕПАЧКА! Неколку лица се повредени, а следеше апсење
ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ОБЈАВИ ВИДЕО ОД УПАДОТ ВО ГАЗА: Портпаролот на одбранбените сили потврди: Во тек е копнена инвазија! (ВИДЕО)
Израел: Во текот на ноќта се уништени околу 150 подземни скривници на Хамас
ЕУ ќе продолжи да соработува со земјите од Западен Балкан во приближувањето кон унијата
Додик сонува за “голема Србија”: Во овој век сакаме единствена држава составена од Србија, Република Српска и Косово и Метохија

Имено, во врска со програмата за помош од 50 милијарди евра ветена на Украина за следните четири години, Мишел само рече дека на самитот „се одржала дискусија за ревизија на буџетот“.

Според руските медиуми, идејата земјите-членки да одвојат дополнителни средства во буџетот на ЕУ за Украина ја блокирале Унгарија, Белгија, Словачка и голем број други земји од алијансата.
Лидерите на ЕУ, исто така, признаа дека и покрај сите напори, цените на енергијата во Европа остануваат премногу високи, најави претседателот на Европскиот совет.
Во меѓувреме, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди дека ЕУ го подготвува 12-тиот пакет санкции против Русија.
„Се консултираме со земјите членки. Конкретно, анализираме како да го оневозможиме приходот на Русија од дијаманти. Ова ќе биде направено во тесна координација со партнерите од Г7“, рече таа.
Претходно портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека замрзнувањето на руските средства во Европа е кражба и дека вакво нешто не се случува првпат. Европската унија не ги таргетира само средствата на приватни лица, туку и државниот имот на Русија, посочи таа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK