декември 29, 2024

 Кремљ денеска оцени дека посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на САД покажува дека не постои „никаква волја да се сослуша Русија“ и дека Вашингтон „де факто води прокси војна“ против Москва.

– До сега, можеме со жалење да констатираме дека ниту (американскиот претседател Џо) Бајден, ниту претседателот Зеленски не кажале ништо што би можело да се сфати како можна желба да се сослуша загриженоста на Русија, изјави за новинарите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Песков рече дека за време на таа посета немало „вистински повици за мир“ или „предупредувања“ на САД до Зеленски да не продолжува со гранатирање станбени згради во населените области на Донбас, регион во источна Украина, кој по инвазијата на Москва е делумно контролиран од проруските сили.

– Тоа покажува дека САД продолжуваат на својата линија на де факто посредна војна против Русија до последниот Украинец, додаде Песков.

Зеленски вчера го посети Вашингтон во неговата прва посета во странство од почетокот на руската офанзива во Украина на 24 февруари. За време на неговата посета тој доби нови ветувања за финансиска и воена помош од САД и за прв пат ветување за испорака на противвоздушниот одбранбен систем Патриот. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK