октомври 24, 2024

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека веќе постојат осомничени лица кои би можеле да се сторители на вооружениот инцидент во скопскиот трговски центар „Ист гејт мол“.

Тој на Канал 5 рече дека се работи интензивно во насока на прибирање информации и докази за инцидентот во рамки на посебниот штаб кој е формиран во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје.
Секако дека идејата и една од можностите при криминалистичките истраги е преку објавување на фотографијата да се добијат што е можно повеќе докази за една таква работа и токму затоа е преземен тој чекор. Во тој правец, сметам дека секоја потврдена вест, информација којашто доаѓа од институциите е вистинската информација. Така, многу шпекулации, многу пишувања по социјалните мрежи имало и ќе има – меѓутоа важно е тие информации да ги добиваме од релевантните институции. Секогаш кога ќе имаме нешто ново, ќе излеземе во текот на истрагата – објасни тој.

The post Полицијата има осомничени за нападот врз Штекли во „Ист Гејт“ appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK