октомври 24, 2024

Вечерва ѝ се обрати на нацијата израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тој изјави дека војниците кои се борат на терен се многу храбри и подготвени да се борат со сите сили против непријателот.

НЕТАНЈАХУ СЕ ОБРАТИ НА НАЦИЈАТА: Израел има две клучни цели – да го елиминира Хамас и да ги врати заложниците дома! (ВИДЕО)
Тејлор Свифт го купува најстариот фудбалски клуб во светот!?
Тројца тинејџери масакрирале бездомник, германската полиција пронајде нож и грозоморно видео
Палестински новинар се јави од Газа: Израелците продираат од север и исток, а ние овде се бориме за вода
Стејт департментот објави: Веднаш напуштете го Либан!
ЃАВОЛОТ ЈА ОДНЕСЕ ШЕГАТА: Погледнете како кинескиот ловец Ј-11 го пресретнува американскиот стратешки бомбардер Б-52!(ВИДЕО)
Возач на градски автобус физички нападнал патник
Двајца команданти на Хамас се елиминирани
ИРАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ТРЕДИ: Пет илјади американски војници вклучени во израелската копнена операција во Појасот Газа
ОДНОСИТЕ СЕ ЗАОСТРУВААТ: Израел ги повлече дипломатските претставници од Турција!

Сакаат да се борат против непријателот кој ги напаѓа нашите деца, пријатели, родители. Ние ги охрабруваме, а тие во моментов се во Газа или околу Газа. Секогаш велевме дека никогаш повеќе нема да им дозволиме терор, а „никогаш повеќе не е сега“.

Се сретнав и со семејствата на заложниците, нивното киднапирање е злосторство против човештвото. Непријателот нема граници, тие направија воени злосторства, а луѓето ги користат како жив штит. Ако Израел не победи, некој друг ќе биде следен – рече Нетанјаху.

https://www.youtube.com/live/lIPkoDk6isc?si=xA5sLqf2zE769746

Тој додаде дека колку се посилни нападите врз Хамас, толку се поголеми шансите за решение и враќање на затворениците.

Ова е војна за нашата татковина. Или ние или тие – рече министерот за одбрана.

Одговарајќи на прашања од медиумите, Нетанјаху изјави дека победата е најважна за Израел и дека во моментов има две клучни цели.

– Првата е да се елиминира Хамас, а втората да се вратат заложниците дома – рече премиерот.

Како што изјави министерот за одбрана Јоав Галан, израелската армија го напаѓа Хамас како никогаш досега.

Имам целосна доверба во нашата армија. Верувам дека ќе победиме. Не сакаме да ја прошириме војната, но подготвени сме за секоја друга мисија. Вложуваме максимални напори за да ги вратиме заложниците во Израел. Подготвени сме да направиме се што е потребно за да ги вратиме. Ние сме целосно посветени на ова и знаеме со кого си имаме работа, а тоа се убијците и луѓето кои силувале жени и јавно објавувале видеа од злосторството – рече Галан.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK